Нов снег – стари проблеми

Велат дека со доаѓањето на снегот доаѓа и зимата. Но, со секој нов снег се враќаат и старите проблеми. Стари автомобили, замрзнати коловози, лизгави тротоари, ниски температури, зголемена потрошувачка на електрична енергија.

Според најавата од УХМР температурите деновиве ќе се движат од -7 до -2 степени, додека пак за време на викендот ќе имаме благ пораст на температурата која ќе биде над нулата, со појава на магла по котлините и врнежи од дожд.