МЗТ Скопје 92-88 Крка

МЗТ Скопје ги оправда очекувањата и со 92-88 ја победи Крка. Во мошне „тесен“ натпревар од Јадранската АБА лига нашиот тим сепак успеа да издвои победа, по изедначената прва четвртина 20-20 на полувреме резултатот беше во наша корист 41-39. Во второто полувреме за нијанса бевме подобри од противникот, во третата четвртина успеавме да му избегаме со уште два поени, кои беа клучни до крајот.

МЗТ Скопје со оваа победа се искачи на петтото место на табелата со 20 поени, исто толку има и Раднички кој е на четвртото место благодарение на подобрата ефикасност.

WebOhrid