37 лица починаа од студ во Украина

Од студ во Украина досега овој месец починаа 37 лица. Температурата се спушти дури до -23 степени целзиусови. Според Министерството за здравство на Украина над 190 лица побарале медицинска помош од кои биле хоспитализирани 165 лица. Според метеоролозите, температурата во текот на ноќта се очекува да падне дури до – 28 степени целзиусови во северните и источните делови на Украина.

Ладниот бран проследен со големи количини на врнежи од снег, остави некои области од Украина со снежна покривка од над 50 см. Од Министерството за вонредни работи изјавуваат дека оваа недела се поставуваат стотици загреани шатори низ земјата, каде што луѓето ќе можат да добијат топли напитоци и прва помош.

Минатата зима во Украина од студ починаа повеќе од 130 лица.