Малечките русинчиња голи на -25

Во Русија, поточно во Барнаул, главниот град на Алтајскиот регион, децата се учат да бидат издржливи на ниските температури уште од мали нозе. Од градинката истрчуваат право на снегот на -25 степени целзиусови, исто како надвор да ги чека базен и температура од над 30 степени. Згора на тоа, тие се прскаат со ладна вода. Инаку во зима, тие вака се разонодуваат секој ден.