Расте цената на нафтата на светскиот пазар

Цената на нафтата на светскиот пазар денес е во пораст, откако американскиот претседател Барак Обама започна разговори со конгресмените за постигнување договор за буџетот, со што би се избегнала „фискална бездна“. Во Њујорк цената на суровата нафта се зголеми за 21 цент и сега изнесува 91,19 долари за барел. Цената и вчера беше во пораст, а тоа се должи на порастот на цените на недвижнините во САД.

Обама го прекина својот одмор на Хаваите и се врати во Вашингтон за да ги продолжи разговорите со републиканските и демократските конгресмени. Преговорите со конгресмените се насочени кон избегнување на „фискална бездна“, која може да биде со длабоки последици кон буџетот и зголемувањето на данокот кој ќе стапи на сила на 1-ви јануари. Според некои аналитичари, САД со тоа ќе влезат во нова рецесија.