Делови од светот ја дочекаа 2013-та, Сиднеј спектакуларно како и секогаш

Новата 2013-та година веќе пристигна на некои делови од светот. Најголемиот спектакл секако беше во Сиднеј.

Покрај Австралија, прославија и жителите од Нов Зеланд, Фиџи, Јапонија, Кина, делови од Русија. Градските власти во Сиднеј се погрижија да привлечат повеќе од милион и пол жители и туристи кои го проследија спектакуларниот огномет. Ова беше најспектакуларниот, а воедно и најскапиот огномет. Вредноста е околу 6 милиони долари, а испукани се 10 илјади пиротехнички средства.

Еве како изгледаше спектаклот:

Доаѓањето на Новата година ќе го одбележат со огномет и останатите светски метрополи.

WebOhrid

фото: news.com.au