Бадник и Божик – неработни денови

Согласно законот за празниците на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 6-ти јануари 2013 (недела), Бадник, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека пак 7-ми јануари (понеделник), Божик, е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на РМ им ги честита Бадник и Божик.