Пораст на трошоците за живот

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во декември 2012, во однос на ноември 2012, изнесува 100.0, а во однос на декември 2011 изнесува 104.7.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во декември 2012, во однос на ноември 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 1.0%, Останати стоки и услуги за 0.6%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Ресторани и хотели за 0.3%, Алкохолни пијалаци,тутун и Рекреација и култура за 0.2% и Здравје за 0.1%.

Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3% и Транспорт за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива, Комуникации и Образование.