Собор на Пресвета Богородица

Големиот Христијански празник Божик се слави три дена. На првиот ден на Божик, вчера  во сите храмови на МПЦ се одржуваа божиќни литургии. По повод одбележувањето на Вториот ден на Божик, Соборот на Света Богородица архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска ќe богослужи Архиерејска Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Литургии  ќе се одржуваат и во други храмови на Македонската православна црква. Во православните храмови од рано изутрина  ќе се пејат утринските литургии во чест на вториот ден од Христовото раѓање. Православната црква Божик почнува да го празнува при крајот на третиот век. Црквата тогаш за поважно го сметала духовното раѓање, отколку телесното раѓање. Денес слават луѓето кои што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл.

Третиот ден на Божик, утре, е Св. архиѓакон првомаченик Стефан.

WebOhrid