За Владата на Груевски поимот „одговорно однесување“ не значи ништо

Денешната отплата на повеќе од 180 милиони евра за достасаната еврообврзница е кулминација на неодговорното однесување на оваа власт.

Пред три години, Владата на премиерот Груевски зеде на заем 175 милиони евра со огромна каматна стапка од речиси 10% на годишно ниво.

Парите не отидоа за капитални инвестиции, бидејќи нема автопат, ниту хидроцентрала, коишто за три години можат да донесат приход за да се врати и позајменото и да се плати каматата.

Тоа значи дека сите граѓани на Република Македонија во изминатите три години се осиромашени за повеќе од 50 милиони евра, колку што мораше да се плати како камата на долгот.

Наместо да се фали дека го вратила долгот (којшто патем е вратен со пари земени од ново задолжување), Владата на премиерот Груевски треба да им се извини на граѓаните затоа што позајмила пари, парите не ги инвестирала во капитални инвестиции и целото луксузирање на власта на крајот падна на грбот на граѓаните.

Лесно е да се земат милиони евра на заем со огромна каматна стапка, а парите да се потрошат за луксузирање, а на крај друг да го врати заемот.

Одговорна Влада тоа не го прави кон сопствените граѓани.

 На сè повеќе граѓани им станува јасно дека за Владата на премиерот Груевски поимот „одговорно однесување“ не значи ништо.

Стои во реакцијата на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.