Избрано идејното решение за спомен обележјето за празникот Богојавление

Одборот за избор на спомен обележје по повод празникот Богојавление го избра идејното решение за поставување на споменик. Од пристигнатите четири апликации, едногласно, Одборот ја избра апликацијата под шифра „Човекољубие“ од авторот Анѓел Коруновски од Велес.

Спомен обележјето, кое ќе се постави во центарот на градот, на просторот помеѓу градското пристаниште и Капетанијата, ќе се изгради со целосна донација на кумот на празникот Богојавление – Водици за 2012 година, д–р Ванчо Чифлиганец.