Уредувањето на дрворедите е во тек

Екипите на „Паркови и зеленило“, деновиве спроведуваат акција за уредување на дрворедите на повеќе улици низ Охрид.

Денес се работеше на дрворедот од улицата „Јане Сандански“. Со оваа активност освен соодветната подготовка на дрвјата пред пролетното раззеленување и цутење, исто така се отстрануваа старите и исушени гранки, а и гранките кои пречат во одвивањето на сообраќајот, движењето на пешаците и на каблите.

Kroenje3Kroenje2

WebOhrid