Акцијата „Oтворено со катастарот“ продолжува

Агенцијата за катастар на недвижности, продолжува и оваа година со акцијата „ОТВОРЕНО СО КАТАСТАРОТ“, со која ги повикува граѓаните на директни средби со стручните тимови на Агенцијата, со цел решавање на нивните проблеми од областа на катастарот.

Дел од активностите на стручните тимови при посетите, ќе бидат насочени и кон поддршка на подрачните одделенија во спроведувањето на новите проекти на катастарот, како што е проектот за дигитализацијата на катастарските планови.

Акцијата ќе се одвива во претстојните 5 месеци, започнувајќи со посетата на подрачното одделение во Битола. Средбите со граѓаните од оваа општина ќе се одвиваат од 22 до 24 јануари, а потоа од 29 до 31 јануари, акцијата продолжува во Охрид.

Средбите и работните посети во останатите општини и подрачни одделенија на катастарот, ќе се одвиваат од 09 до 18 часот според следниот распоред:

5, 6 и 7 февруари – Скопје (Општина Карпош и Општина Ѓорче Петров)
12 и 13 февруари – Куманово, Свети Николе и Пробиштип
19 и 20 февруари – Кичево, Крушево и Македонски Брод
26, 27 и 28 февруари – Скопје (Општина Кисела Вода, Општина Гази Баба, Општина Аеродром)
5 и 6 март – Струга и Дебар
12, 13 и 14 март – Скопје (Општина Центар, Општина Чаир и Општина Бутел)
19 и 20 март – Струмица, Радовиш
26 и 27 март – Прилеп, Кавадарци и Неготино
2 и 3 април – Гевгелија и Валандово
9 и 10 април – Крива Паланка, Велес и Штип
16 и 17 април –  Демир Хисар, Кочани, Виница и Ресен
23 и 24 април – Гостивар и Тетово
 8 и 9 мај – Берово и Делчево