Почина најстарата жена на светот

Во Јапонија, почина најстарата жена на светот со 115 години. Титулата најстара жена на светот ја доби пред неполн месец, соопштија од јапонскиот град Кавасаки.

Кото Окубо, родена на 24 декември 1897 година, почина во саботата во дом за стари лица во Кавасаки, а нејзините роднини не сакале да ја објават причината за смртта. Титулата за најстара жена со 115 години и 19 дена, ја доби пред помалку од еден месец од Дина Манфредини, која почина пред неполн месец со 115 години и 257 дена. Манфредини пак, почина на само две недели откако стана најстара жена на светот.

Според градските власти во Кавасаки, Кото Окубо живеела во истиот дом за стари лица како и нејзиниот син.