Пленарна седница на Европарламентот

Од 14 до 17 јануари во Стразбур, Европскиот парламент одржува пленарна седница, во рамките на која ќе стане збор и за планот за гаранции младите луѓе да добијат работа, образование или пак понуда за стажирање по четири месеци невработеност.

Европратениците ќе дебатираат и за приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската унија, кое започна на 1 јануари, како и за претходно сработеното во време на претседавањето на Кипар.

На дневен ред, меѓу другото, ќе се најдат и состојбата во Ирак и Сирија, човековите права и демократијата, стабилноста на обврзниците, кредитниот рејтинг на агенциите, ревидираниот календар со 12 пленарни сесии во Стразбур во 2013 година, истражувачката програма за 2014-2020 и др.