Македонија на 80 место на ФИФА листата

Најдобрата Македонска репрезентација од 80.место на ФИФА ранг листата на најдобри светски селекции ја започнува 2013 година. Во однос на рангирањето од минатиот месец имаме напредок од една позиција. Нашата репрезентација благодарение на добрите резултати во мундијалските квалификациите и триумфот против Словенија во пријателскиот натпревар го задржа трендот на постојан напредок на листата на ФИФА.

Поголеми промени на листата на најдобри светски репрезентации се очекува да има во февруари и во март кога репрезентациите ќе имаат пријателски и квалификациски натпревари. Македонија пред мартовскиот двомеч со Белгија, ќе има тест-натпревар на 6 февруари со Данска во Скопје. Данска е рангирана на 23. место на ФИФА листата.

Од нашата квалификациска група, Хрватска е на 10. место, Белгија скокна едно скалило и сега е на 20. место, следува Србија на 37. позиција. Шкотска напредуваше најмногу, три места, и е на 69. Позиција. Велс е веднаш зад македонската репрезентација на 81. место.

извор: ФФМ