Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Богојавление Христово – Водици

Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот Христијански празник Богојавление Христово – Водици.

Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба. Радувајќи се на Исусовото крштевање, осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година.

Вербата во вредностите сите нам да ни даде сила за да продолжиме со посветената и одговорна работа, со создавањето дела кои ќе бидат од корист за граѓаните и ќе имаат трајна вредност, да продолжиме да ги спроведуваме реформите кои ќе ги унапредат процесите и ќе ги подобрат условите за живот, ќе овозможат економски просперитет и подобар стандард за граѓаните, со што ќе продолжиме со изградбата и модернизацијата на нашата Татковина Република Македонија.

Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник.