Германија 28-23 Македонија

Слабо издание на нашите ракометари во најважниот натпревар против Германија, на 23-то светско првенство во ракомет кое се игра во Шпанија.

Македонија натпреварот го започна мошне анемично, Германија играше супериорно и успеа на стартот на натпреварот да води со дури 4 спрема 0. Нашите, иако почнаа да постигнуваат голови, сепак противникот не грешеше и на полувреме го задржа водството со резултат од 13-9.

Второто полувреме не беше многу поинакво од првото. Иако нашите ракометари дојдоа на 2 голови разлика и имаа можност да дојдат на -1, сепак акцијата не ја искористија, а веднаш по таа акција Германија ја зголеми предноста. Потоа следуваа неефикасни минути за нашата, а ефикасни за германската репрезентација. Натпреварот заврши со пораз за нашата репрезентација со резултат 28-23, со што Македонија ги заврши натпреварите на ова светско првенство.

WebOhrid