„Јајце на око“ го превеле како „Eggs on the eye“

Во листата на јадења во еден сараевски ресторан, „Јајце на око“ е буквално преведено на англиски јазик како „Eggs on the eye“.

Гостинот на овој ресторан веднаш ја приметил оваа грешка, ја фотографирал и ја ставил на „Facebook“, која предизвика многу реакции на оваа мрежа.

Дали е во прашање шега или едноставно е грешка настаната при буквално преведување на англиски јазик, останува енигма. Исто така прашање е како ќе реагираат странците кои ќе го погледнат англиското име на јадењето.