Маријана ван Твилерт воодушевена од Охрид

„Дали веќе го планирате Вашето следно патување во 2013? Тогаш може да го посетите шармантниот Охрид во Македонија.“ – вака ја започнува својата сторија за Охрид, Маријана ван Твилерт, која во мај минатата година беше во Охрид, каде помина неколку прекрасни денови. Како што вели, месецот мај е идеален за да се запознае Охрид, без многу гужва.

Во сторијата која ја објави вчера на нејзината веб-страна, во рубриката „Истражи го Балканот“, посвети прилог за убавините на градот Охрид со наслов „Посета на Охрид, Македонија“.

http://montenegro-for.me/2013/01/a-visit-to-ohrid-macedonia/

Воодушевена од убавините на нашиот град, таа им препорачува на сите што не го посетиле Охрид и прекрасните места околу него, да ја искористат можноста и да го сторат тоа.

Маријана ван Твилерт е родена во Холандија. По завршувањето на студиите за туризам во Брисел, се вработила во Будва. Живее во Црна Гора последните 45 години. Сака да фотографира, а нејзините фотографии ги објавува на повеќе места, брошури, списанија. Често патува, најмногу на Балканот, сликајќи и пишувајќи за разни блогови.

WebOhrid