Судија заспал, па изрекол казна затвор од 5 години

Судијата Евгениј Махно во рускиот град Благовешченск, заспал во судницата во текот на едно судење на бизнисмен обвинет за корупција, а потоа му изрекол казна затвор од 5 години.

Случајот прераснал во национален скандал бидејќи снимката од судницата се најде на интернет. Видеото беше прикажано и на државната телевизија.

Судијата се бранел дека не спиел, туку дека „внимателно го слушал излагањето со затворени очи“.

Со оглед на тоа дека главниот суд не донесол одлука да го казни, Махно ќе мора само повторно да го полага судскиот испит, а потоа ќе може повторно да биде поставен за судија. Додека пак на бизнисменот ќе му биде овозможено ново судење.