Во јануари измерени рекордни температури во Австралија

Јануари во Австралија беше најтопол месец кој некогаш бил измерен откако се врши мерењето на температурата во оваа земја, и покрај бурите и поплавите во источниот дел од земјата, соопштуваат надлежните служби.

Метеоролошката служба објави дека просечната температура изнесувала 29,68 °С, а додека пак просечната максимална дневна температура изнесувала 36,92 °С, со што се надминати рекордите од 1932 година.

Во извештаите стои дека најтоплиот ден откако се водат архивите беше на 7-ми јануари, а повеќе метеоролошки станици бележеа рекорди, неколку дена по ред со температура од преку 40 степени. 

Во Сиднеј исто така е поставен нов рекорд, со температура од 45,8 °С, додека пак на југот од Австралија, на 12-ти јануари е измерена температура од 49,6 степени.

По топлиот бран, проследен со пожари во природата, следуваа обилни врнежи и поплави во Квинсленд и во Нов Јужен Велс.