Два државни рекорди на Ристе Пандев

На ден 02.02.2013 годна во Маклинген/Швајцарија се одржа меѓународен митинг ЛА БЕРН на кои учествуваа натпреварувачи од Швајцарија, Германија, Италија, Австрија, Македонија.

Нашиот репрентативец Ристе Пандев член на АК Струмица со одличниот настап постигна 2 нови рекорди на Македонија.

На трката на 60 метри во квалификациите истрча 6,98 а во Б Финалето истрча резултат 6,91 сек што претставува нов рекорд на Македонија за младинци и изедначување на сениорскиот рекорд со Христов.

На трката на 200 метри со резултат од 22,40 сек постави нов рекорд за Сениори, со кој резултат се пласираше во Финалето.

Имено Ристе Пандев е на подготовки во Локарно/Швајцарија од 06 јануари 2013 година. Плановите зеадно со неговиот тренер Ване Стојанов се да земе учество на уште два силни митинзи во Швајцарија, од кои резултати ќе зависи неговото учество на претстојното Балканско првенство во сала кое ќе се одржи во Истанбул на 23 Февруари, како и Евроското првенство во сала во Гетеборг од 01 март 2013.