Тигар нападна и уби дресер во Мексико

Дресерот на еден мексикански циркус почина откако еден бенгалски тигар буквално го растргна среде настап пред публика. Немилиот настан се случи во Мексико, доцна навечер во саботата, во текот на претставата на циркусот Суарез. 

Од засега необјаснети причини, разлутениот тигар скокна на 35 годишниот тренер Александар Криспин, го собори на земја и го гризна во пределот на вратот. Останатите членови на циркусот брзо реагираа и успеаа да го ослободат, но несреќниот дресер починал во болница.

Шокираната публика веднаш беше евакуирана од шаторот, а тигарот беше убиен од страна на колегите од Криспин.