Авион од бугарската влада ќе биде авиоаптека

Бугарскиот бизнисмен Веселин Марешки, кој на лицитација го купил државниот авион TU 154 M, планира да го претвори во авиоаптека.

Политичарот-бизнисмен го купи авионот од бугарската влада за околу 600.000 лева, односно 395.000 долари.

Марешки, кој е од Варна, авионот го купил 6 пати поевтино од првобитната цена, бидејќи бил единствен кандидат на лицитацијата.

Ова е втор авион кој што го купил Марешки, претходно заедно со неговиот партнер купил мал бизнис авион, кој го изнајмува на бизнисмени.