„Кошмар во Македонија“

„Кошмар во Македонија“, ова е насловот на официјалната веб-страна на фудбалската репрезентација на Данска, по вчерашниот пораз од 0:3 против Македонија на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Разочарани од стартот на нивната репрезентација во 2013-та година, данската федерација ја оцени нашата репрезентација како храбра, борбена, прецизна и спремна за брзи промени во играта, додека пак своите репрезентативци особено во првото полувреме ги окарактеризира како пасивни.

За второто полувреме велат дека се случило тоа што се случува и на секој нивни пријателски натпревар. По извршените измени паѓа нивото на нивната игра, без течни акции и креативност. И покрај тоа што се обиделе да сменат нешто со внесување на свежи играчи, битката била одамна изгубена.