Здружената опозиција утре организира протест низ охридските улици и Граѓански парламент

Здружената опозиција, утре 8-ми февруари (петок) организира протестен марш со автомобили  низ охридските улици и Граѓански парламент кој ќе се одржи на спортското игралиште кај поранешен Стобекс во населбата Видобишта.

Протестниот марш со автомобили ќе започне утре во 18 часот од пред седиштето на ОО на СДСМ  на Булеварот Туристичка, ќе продолжи преку дел од улицата Македонски просветители, потоа  ќе се вози  по улиците Димитар Влахов, Партизанска, АСНОМ, Карпош Војвода, Јане Сандански, по Туристичка до клучката на излезот од Охрид, потоа по Железничка, Егејска, 7- ми ноември, Питу Гули, кружниот тек кај Општата болница и по улицата Марко Цепенков, до поранешниот Стобекс.

Како што информираат од Здружената опозиција, во 18 часот и 30 минути, на спортското игралиште кај поранешен Стобекс ќе се одржи Граѓански парламент, на кој со свои излагања против уништувањето на демокатијата и апсолитистичкото владеење на актуелната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обратат претставници на опозиционите партии и видни интелектуалци од Охрид.