Лисица нападна бебе во куќа во Лондон

Британската полиција го истражува случајот во кој лисица нападна бебе на возраст од четири недели во една куќа во Лондон. Надлежните соопштуваат дека детето е примено во болница, каде му е укажана лекарска помош поради повреда на раката. Сеуште не се знае како влегла лисицата внатре во куќата.

Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон бара решение да се направи нешто во врска со „големиот број на проблеми со урбаните лисици“. Некои предлагаат селективно убивање на овие животни, кои често може да се видат во помирните места од Лондон, особено навечер.