Интернационалците активни, Алими повторно ја оправда довербата

Во германската Бундес Лига, Николче Новески го одигра целиот натпревар за Мајнц, кој во гости успеа да ремизира со 1:1 против Аугзбург.

На Кипар, Бојан Марковски го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Аполон Лимасол славеше со 2:1 против АЛКИ. За гостите на клупата за резерви беше Никола Глигоров на кого не му се укажа прилика да влезе во игра.

Екипата на Неа Саламис која ја води поранешниот македонски селектор, Мирсад Јонуз, успеа со 2:1 да ја победи екипата на Анортозис. Нашиот репрезентативец Арменд Алими го отвори резултатот во 63 минута, гостите возвратија во 80 минута, а замената на Алими, Енглезоу го постави конечниот резултат во судиското продолжение на натпреварот.

Тимот на Тони Савевски, Омонија Никозија со 3:о победи против Докса.

Web Ohrid