Што ја направи оваа дупка во руското езеро?

Замрзнатото езеро во која се направи дупка по паѓањето на метеорот во Русија, е пребарано, но нуркачите не најдоа делови од ова небесно тело.

„Нуркачите направија преглед на езерото, но не открија траги од метеоритот“, – изјави Ирина Росиус, претставник на руското Министерство за вонредни ситуации.

Војската во Челабинската област пронашла кратер од шест метри, кој настанал при падот на метеорот. Меѓутоа истражувањата покажаа дека нема траги од ова небесно тело, па се поставува прашањето што ја направило оваа дупка во замрзнатото езеро.