Искршени садници од новиот дрворед на „Марко Цепенков“

Ј.П. „Охридски Комуналец” постојано реализира акции за хортикултурно уредување на градот со кои се запазува светскиот тренд за создавање нови парковски површини и зелени катчиња, како во централното, така и во периферното градско јадро, кои воедно претставуваат и „бели дробови” на градот.

Пред десетина дена ваква акција беше спроведена од страна на Ј.П. „Охридски Комуналец“ на улицата „Марко Цепенков” каде се конструира нов дрворед од јасени. Но за жал, за многу кратко време на вандалски начин овој дрворед е деградиран и искршени се пет садници.

Од „Охридски Комуналец“ апелираат кон надлежните институции за поголем надзор и присуство над зелените површини во градот и санкционирање на ваквите појави.