Девојче заглавило во машина за перење

Тригодишно девојче заглавило во машина за перење, од каде што морало да го извадат пожарникари.

Девојчето било со нејзината мајка во посета на нивни роднини. Според нивните изјави, девојчето играјќи успеало да дојде до машината за перење, без надзор од возрасни.

Мајката морала да бара помош, па ги повикала пожарникарите кои неколку часови го ваделе девојчето.

На крајот неизбежно било машината да се исече, додека пак девојчето останало без ниту една повреда.