Од денес до среда врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи од денес, до среда, најавуваат повремени врнежи од дожд кои на места ќе имаат пообилен карактер.

Во Охрид времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата  ќе се движи до максимални 10 °С.

За понеделник и вторник метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд, во среда врнежи од снег и веќе од четврток ќе имаме сончево време. Температурите ќе се движат од -1 °С до 10 °С.