Петта ерупција на Етна за само четири дена

Вулканот Етна повторно проработе пред некој ден, а вчера следеше нова спектакуларна ерупција, петта за само четири дена.

Во новиот југоисточен кратер регистрирана е силна експлозивна активност со исфрлање на пепел и „гејзери“ од лава, високи стотина метри. Еден поток со лава се појавил од пукнатина во подножјето на кратерот и лавата тече кон пуста долина.

Синоќа од безбедносни причини е затворен и аеродромот во Катанија, поради тоа што активноста на вулканот не се смирувала, пренесуваат италијанските медиуми.