Промоција на кандидатот за градоначалник на општина Дебарца, Игор Трајкоски

Вчеравечер во село Мешеишта се одржа промоција на кандидатот за градоначалник на општина Дебарца од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски.

„Стратешки цели на нашата програма ќе бидат економскиот раст и развој на општината, креирање нови работни места и унапредување на туризмот и културата, односно зголемување на меѓународната соработка на општина Дебарца.“ – пред присутните се обрати кандидатот за градоначалник на општина Дебарца, Игор Трајкоски.

„Во функија на локалниот економски развој, ќе изградиме нова индустриска зона во рамките на општината. Ќе ги поддржиме малите и средни претпријатија. За подобрување на условите во образованието, ќе пристапиме кон реконструкција на голем број училишта и сали, а воведуваме и проект за стипендирање на најдобрите ученици.“ – истакна Трајкоски.

На промоцијата присуствуваa поголем број пратеници, како и негови симпатизери и поддржувачи.