Стотина снежни топки на брегот на езерото Мичиген

Жителите на Мичиген се изненадиле кога вчера-утро покрај брегот од езерото виделе стотина снежни топки. Тие велат дека за прв пат гледаат ваков феномен.

Според експертите за природни појави, а и според метеоролозите, оваа појава е резултат на ниската температура на езерото, која била под нивото на смрзнување, па брановите кои исфрлале мали парчиња мраз, носени од ветрот формирале совршен тркалезен облик.