Стартуваше „Охрид-град на цвеќето 2013“

Како што претходно најавија од Ј.П. „Охридски Комуналец“, вчера беше означен стартот на проектот „Охрид-град на цвеќето 2013“. На потегот од градскиот плоштад до хотелот Палас беа засадени околу 2.000 садници сезонско цвеќе од видот виола (во народот познати како очиња) и дијантус (каранфилчиња). Во текот на наредната недела ќе се продолжи со реализација на проектот со кој пролетно ќе бидат освежени парковските решенија на кружните текови и други локации.

cveke2