Почина Хуго Чавез

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез (58) почина вчера по двегодишно боледување, соопшти потпретседателот Николас Мадуро.

Социјалистичкиот лидер 14 години беше на чело на Венецуела. Чавез не се појавуваше во јавноста во текот на изминатите 3 месеци, откако му беше извршена хируршка интервенција во Куба, која беше четврта по ред откако му беше дијагностицирана болеста кон средината на 2011 година.

По операцијата на 11 декември, настанале повеќе компликации, со неочекувано крварење и тешка респираторна инфекција, која неодамна била излечена.

Владата на Венецуела пред неколку денови соопшти дека состојбата на Чавез е критична, додека пак некои медиуми уште пред една недела известуваа дека Хуго Чавез е клинички мртов веќе два месеци.