Охрид промовиран на саемот во Берлин во состав на Балканските туристички тури

Охрид и Македонија беа достојно презентирани на еден од најголемите светски туристички саеми, во Берлин, Сојузна Република Германија од 6 – 10 март годинава. На саемот присустуваа преку 200 илјади посетители, а учестуваа повеќе од 10 илјади излагачи од целиот свет. Општина Охрид во соработка со Агенцијата за промоција на туризмот, на својот штанд покрај своите автентични вредности, во соработка со повеќе балкански туроператори и партнери, промовираше регионален пристап во привлекувањето на потенцијалните гости. Така нашиот град се најде на повеќето туристички мапи кои промовираат културен, религиски и еко туризам.

Покрај големата посетеност и остварени бројни контакти, Охрид и Македонија најдоа посебно место во германскте медиуми, а беше реализирана и крaтка телевизиска сторија за продукциската куќа ФМ Медиа.