Зошто Египќаните треба да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески

Драги мои, Египќаните се наоѓаат во ситуација, кога со само еден потег, можат да ја променат својата социоекономска, политичка, културна и егзистенцијална егзистенција. Години наназад, бевме неми сведоци, како мораше да интервенирам по медиумите, највисоките државни инстанци, меѓународниот фактор, за фригидното кршење на човековите права на Египќаните. Секојдневно стануваш со страв, особено оние наши Египќани, кои го држат чист Охрид, се плашеа да не ги казни по плата, се плашеа за нивната егзистенција, сведоци бевме како на најмангупски недозволиво ниско ниво, се малтретираа неколку египќански семејства, кои на пазарот продаваа за да можат да ги прехранат своите семејства, во овие ужасно тешки времиња. Страв, темнина, безнадежност, очајност, се изнагледав во очите на мојот народ. Се обидував да ги охрабрам, да не се плашат, бидејќи ние живееме во слобода, во демократија, но тие, беа сосема свесни дека ние Египќаните егзистираме во еден модерен робовладетелски однос, во еден круг во кој постојано се плашиш да не те истепаат поради лихварство, на кои пак ни влакно не им фалеше, додека Египќаните, и многумина од нив, завршуваа на интерно, неуропсихијатрија, а многумина сакаа да си го одземат и својот живот. Темнина, во градот на Светлината, темнина во духовниот центар на балканот. Зошто? Дали, на туѓата несреќа ќе градиме сопствена среќа, дали на туѓата мака ќе заработиме, градот се претвори во Тексас, во центарот на градот „врие“ од коцкарници, казина, и што уште не.

Време е за ПРОМЕНИ. Промените се природна работа, тие се секогаш добродојдени, внесуваат свежина, надеж, нов поттик, нови вредности… Сега, многу елегантно, со само еден потег, избирате темно минато или светла иднина, страв или спокој, насмевка или тага, просперитет или неперспективност, сега драги мои, вие сте силата, вие народот, вие Египќаните, треба да им наплатите за се што ви направиле, многу елегантно, на избори, на 24 овој месец, насмеани, ведри, радосни, поддржете го д-р Никола Бакрачески, излезете масовно, и избирајте ИДНИНА НАМЕСТО СУДБИНА. Силата е во ваши раце, ако мене ме прашувате, лично немам против никого, изборите се дел од модерните демократски вредности, но избирам ПРОМЕНИ, избирам нови лица, кои до детал нудат ДЕЛА, иднина, просперитет, визија за подобро утре. Јас, веќе избрав, јас ќе гласам за д-р Никола Бакрачески, човекот со кого ги издвојувавме првите фудбалски победи, човекот кој ги сака и прифаќа Египќаните суштински, како свои рамноправни граѓани, човекот со кого ќе ја реализираме „ИЗИДА“ и затоа ќе гласам за него, бидејки знам, убеден сум, ќе направи многу за охриѓани, а охриѓани сме сите и Македонци, и Египќани, и Албанци, и Турци… Ве охрабрувам, поддржете го и вие, оваа шанса не се пропушта.

Искрено ваш, Демир Далип, предводник на ОПЕМ

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.