Петрески: Се гледа кој ги прави проблемите!

„Додека ние бевме да садиме дрвца, за тоа време се прави ’ршум низ градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ и полициските сили, а каква е разликата помеѓу нас и нив можете и по тоа да увидите, затоа што додека ние садевме дрвца тие го кршеа изборниот штаб повторно во Воска, исто така затворија уште 10 тина фирми денеска, сите оние фирми компании каде што сум влезен изминативе 10 дена ги затвораат, а секако без никаков основ. Во Косел и во некои други делови од градот шетаат и делат решенија за даноци за имот, кои се фалсификат, како да се потпишани од мене, се со цел да сoздадат револт кај граѓаните“. – истакна на денешната прес конференција актуелниот и кандидат за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината, Александар Петрески.

Петрески апелира преку нас медиумите, граѓаните да не ги земаат овие решенија, луѓето кои ги делат како што рече тој, не биле овластени за таа работа, решенијата биле фалсификат, а тоа било дело на Груевски, Гебелс и нивната компанија. Имено, Петрески ја искористи и приликата да каже дека испратил и писма до Американската амбасада, до ОБСЕ и ОДИХР под итно да испратат свои екипи во Охрид, бидејќи како што кажа се правело ’ршум низ градот, било од полициски служби, било од цивилни лица, од инспектори од Управа за јавни приходи, од пазарна инспекција и од други служби од централната власт.

„Значи охриѓани вчера беа тепани од полициски служби, тие се наши сограѓани без разлика за кого се работи. Исто така се апсат лица, а она што го спомнав за фирмите, што се посетуваат и се казнуваат и се пишат казни од 20-30 000 илјади евра, директорот на Националниот парк им се заканува на вработените. Тоа ни најмалку не личи на фер кампања. Ако тоа се случувало сега, а не во недела тоа ќе било фер кампања. Овој повик го упатувам и како кандидат за градоначалник, меѓутоа и како актуелен градоначалник, затоа што не дај боже вака ако продолжи, може многу лошо да биде. Ако јас, штабот или младинците имаме направено нешто лошо, нека кажат. За такви работи кај нас не се разговара. Никој член на оваа коалиција нема направено никаков проблем“. – додаде Петрески.

Што се однесува на дуелот, како што рече Петрески, противникот дефинитивно се откажал и дека него воопшто не му било чудно тоа.

„Не ми е чудно затоа што ни Никола Груевски излегува на дуел некогаш, ни пак Никола Бакрачески, не им е заедничко само името, и со Никола Тодоров имаат многу заеднички работи, не е само името. Не излегуваат на дуел не само во Охрид, не излегуваат на дуел ни во Битола, ни во Прилеп никаде не излегуваат. Во еден демократски свет секогаш имало дуел тоа не е дуел како бокс меч, тоа е дуел на мислења, разговори. Секаде тоа го има во нормалниот свет, меѓутоа ние не сме нормална држава. Одговорноста е кај нив, треба да излезат да ги соочат мислењата со нас.“ – рече Петрески.

Petreski3

Меѓудругото Петрески го обвини и Министерството за транспорт и врски.

„На наша жалба од 2008 година, до Министерот Миле Јанакиески, дури денеска стигна писмо со одговор. А, кажуваат дека администрацијата мора да одговори за 15 дена, прават скапи реклами како се одговарало кон граѓаните, и сето тоа. Единствено што научија од Гебелсовата политика се тие скапи реклами што ги прават. Навистина експедитивно одговараат, од 2008 година, одговараат во 2013 година. Се гледа кој ги прави проблемите!“ – заврши актуелниот и кандидат за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината Александар Петрески.

WebOhrid