Ајфеловата кула евакуирана поради бомба

Синоќа, веднаш по анонимниот повик за поставена експлозивна направа, околу 1500 туристи и вработени, беа евакуирани од Ајфеловата кула.

По дво-часовната истрага со специјално обучени кучиња, полицијата не пронашла никакви сомнителни уреди. Веднаш по истрагата кулата била повторно отворена.

324 метри високата Ајфелова кула во Париз е една од топ дестинациите во светот, привлекувајќи милиони посетители годишно.