Понеделник – неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празници на РМ, 1-ви Април 2013 година (понеделник), Велигден,  вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.