Бакрачески: Од денес ќе побарам од сите граѓани, да се заветат дека ќе чекорат кон иднината на Охрид

Досегашниот градоначалник Александар Петрески и новиот градоначалник д-р Никола Бакрачески денес извршија свечен чин на примопредавање на градоначалничката функција, со што Бакрачески од денес е новиот татко на Охрид.

BakraceskiGradonacalnik01

„Ова е мое прво обраќање од оваа говорница како градоначалник на Охрид. Денес имавме свечен чин на примопредавање на градоначалничката функција, денес значи официјално го добив уверението за градоначалник од општинската изборна комисија. Имавме традиционално пиење кафе со бившиот градоначалник, разменивме мислења пред се околу она што се случуваше во текот на кампањските активности и разменивме мислења околу обврските кои што ги има Општина Охрид и јавните претпријатија кои произлегуваат од нејзе околу начинот на функционирање на локалната самоуправа и околу предизвиците со кои што јас како иден градоначалник и општинската администрација во иднина ќе се соочуваме“. – истакна Бакрачески.

BakraceskiGradonacalnik02

Бакрачески кажа дека предизвиците со кои што ќе се среќава градот Охрид и граѓаните кои живеат во него се доста сериозни и како што рече биле многу.

„За некои од тие предизвици ќе треба време за да бидат решени, за некои можеби ќе треба месеци, за некои години, а за некои од тие предизвици можеби ќе треба и повеќе од еден мандат. Јас неколку пати во текот на оваа кампања го кажав истото ќе го кажам и сега дека чекорењето кон патот на успехот и по патот на решавање на тие предизвици ќе биде многу долго и нашето искачување како идна локална самоуправа ќе биде доста стрмно“. – додаде Бакрачески.

BakraceskiGradonacalnik03

Бакрачески како кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на локалните избори 2013 победи уште во првиот круг со вкупно 21.004 гласа.

„21.004 гласови се одраз на една голема победа на граѓаните на Охрид, се одраз на она што граѓаните го препознаа во нашата опција како реалност и како издржливост, тој одраз на она што граѓаните го препознаа кај нас како квалитет и капацитет за проектите што ние им ги понудивме ги релизираме, но во исто време беа и одраз на револтот на граѓаните што го имаа према досегашното работење на овој состав на локалната самоуправа. Тие гласови што ние како опција ги добивме на овие локални избори се одраз на победата на граѓаните и на градот Охрид и се толку тешки колку што е тешка и одговорноста која што произлегува од тие гласачи. Значи колку е поголема и послатка победата на тежината од овие 21.004, колку е потешка значи и одговорнозста која што произлегува од овие 21 илјада на гласачи, затоа што граѓаните очекуваат промени  во Охрид, затоа што  граѓаните го дадоа својот глас,з атоа што очекуваат да го реализираме она што ние им го ветивме нив“. – истакна Бакрачески.

BakraceskiGradonacalnik05

Градоначалникот д-р Бакрачески, од денес побара од сите граѓани на Охрид да се заветат дека ќе чекорат кон иднината на Охрид, и како што рече да дадат прав охридски завет цврсто и без треперење.

WebOhrid