Во Охрид се одржа првиот форум за интеркултурен дијалог

Во организација на Младински Совет Охрид, денес се одржа првиот форум за интеркултурен дијалог. Форумот имаше за цел, активните чинители од општина Охрид да го дадат својот допринос во креирање на стратегијата за интеркултурен дијалог за општина Охрид, со заеднички активности за подобрување на соработката со своите колеги и соработници од општина Поградец, Република Албанија.

Се очекува учесниците на форумот да ги одредат целите на делување, да предложат конкретни активности, да ја одредат временската рамка за нивна реализација, да ги поделат одговорностите и да ги предвидат потребните ресурси за спроведување на стратегијата.

Како учесници беа поканети претставници на образовните институции, институциите од областа на културата, здруженијата на етничките заедници, здруженијата кои ја третираат културата, политичките партии, локалната самоуправа, од општина Охрид, а  присуствуваа и претставници на партнерската организација „Une gruaja“ од Поградец, Албанија.

На форумот му претходеше истражување за согледување на ставовите и мислењата поврзани со интеркултурниот дијалог и соработка.

Interkulturen2 Interkulturen3WebOhrid