Ангеловски најчесто презиме во Македонија

Мапа со најчести презимиња во европските земји е најновиот хит на интернет. Оваа мапа ја состави американскиот портал „Reddit“, кој направил истражување на најзастапените презимиња во земјите на Стариот континент.

Поголеми изненадувања на мапата нема. Во Македонија доминира презимето Ангеловски, во Србија – Јовановиќ, Хрватска – Хорват, презиме кое е најзастапено и во Словачка.  Во Албанија – Беќири, Косово – Хоџа, додека пак во Босна – Хоџиќ.

Интересно е што дури во три земји најчесто се среќава презимето Новак, и тоа во Чешка, Словенија и Полска.