Египќанската интеграција треба да започне од Охрид

Драги мои, Египќаните во Охрид, Ресен и Битола, дадоа скромен, но пред се и над се, голем пријателски допринос, во убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, без никакви договори, пазарења, или уценувања, едноставно му ја поклонија довербата на ВМРО-ДПМНЕ, како политички субјект, кој и тоа како помогна во основањето на десноцентристичката и едеинствена партија на Египќаните, Сојузот на Египќани на Македонија. Најголемата поддршка, очекувано ја добија во Охрид, каде Египќаните, неофицијално, но како одраз на објективната стварност се втори по бројност, веднаш зад доминантниот Македонски народ. Во таа подршка, голема улога одигра и според моја перцепција, граѓанскиот концепт кој го понуди и со своето однесување, во текот на изборната кампања ја промовираше д-р Никола Бакрачески, како и односот на Кандидатиите за советници, кои се блиски до овој автохтон етникум, пред се мислам на г-дин Дејан Паноски, кој пред се е голем подржувач на Египќанската кауза, а за тоа говори фактот, што гласаше „ЗА“ проектот „ИЗИДА“, кој е изгласан од страна на Советот на Општина Охрид, кој за жал, предходниот градоначалник, не остана на зборот и да го реализира овој проект, бидејќи да напоменам, во Мултиетнички Охрид, и Египќаните се даночни обврзници, и градот , и тоа како има обврска кон овој етникум. Затоа и истиот беше казнуван на избори, како и поранешниот директор на Охридски Комулец, кој „милуваше“ да казни Египќани на плата, но ништо не е вечно, се е менливо и минливо, остануваат или црнилата на личноста или позитивната енергија која создава пријателства. Токму затоа, не само што верувам, туку и убеден сум дека новиот градоначалник на Охрид, ќе го реализира проектот „ИЗИДА“ која како што напоменав е изгласана на Совет на Општина Охрид, и истата има правосилен карактер, кој, потенцирам, за жал, му остана „аманет“ од претходниот градоначалник. Кога се поддржува еден политички процес, без притоа да се има облигациски однос, туку како чин на поклонета доверба, тоа е првиот знак на т.н природно право на граганинот „Жан Жак Русо“ француски филозоф кој ја дава и пораката како се одржуваат во живот ужасно тешките за одржување мултиетнички општества, Хегел. Дадената поддршка, подразбира и принцип на адекватна природна валоризација, и помош во сите сфери на живеење, а се со цел опстанок на овој лојален етникум, и пред се автохтон на овие простори. Токму затоа, и реално очекувам овој интеграциски процес на интегрирање да започне токму од Охрид, а да продолжи преку Ресен до Битола и насекаде во Македонија, бидејки Египќаните тоа и го заслужуваат.

П.С. Десната рака не може да се мие без левата /Арапска народна поговорка/

Со почит,  Демир Далип – предводник на ОПЕМ и овластен застапник на Египќаните за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.