Втора фаза од селектирањето за упис во кошаркарската академија

По прегледувањето на резултатите на сите кандидати од седумте одржани селективни тренинзи во првата фаза на селектирање за упис во прва година во Националната Спортска Академија, вкупно 53 осмоодделенци (33 машки и 20 девојчиња) продолжуваат во втората фаза на селектирање за учебната 2013/14.

Тренинзите од втората фаза на селектирање ќе се одржат на 29 април 2013 (понеделник) во спортската сала „Методија Андонов Ченто“ во населбата Маџари во Скопје (спортска сала на ОУ „Наум Наумовски Борче“). Ќе се одржат два тренинзи и тоа тренингот за кандидатите кои живеат во Скопје е закажан да стартува од 08:00 часот, додека тренингот за кандидатите кои доаѓаат од другите градови во Македонија ќе почне од 15:00 часот.

Избраните 55 кандидати во оваа втора фаза на селектирање веќе имаат закажано лекарски прегледи на кои присуството е задолжително. Лекарските прегледи ќе се одржат во Институтот за физиологија при Клиничката болница Скопје, во точно одреден термин за секој кандидат поединечно. На прегледите, кандидатите со себе треба да понесат:

– Здравствена книшка

– Сино картонче

– Упат од матичен лекар

– 250 денари за партиципација

Важно: Само на кандидатите со резултати од лекарските прегледи ќе им биде дозволено да присуствуваат на тренинзите од втората фаза на селектирање.

ЛИСТА НА ИЗБРАНИ КАНДИДАТИ ВО ВТОРА ФАЗА ОД СЕЛЕКТИРАЊЕ И ДАТУМ И ЧАС ЗА ЗАКАЖАНИ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ

– За сите дополнителни информации во врска со селективните тренинзи и уписот во кошаркарската паралелка на Националната Спортска Академија, заинтересираните ќе можат да ги добијат од одговорното лице на следната е-маил адреса: jane.petkovski@basketball.org.mk