Јапонија спремна за „секакво сценарио“ од страна на Северна Кореја

Јапонија порача дека ќе одговори на „секакво сценарио“, после заканите од страна на Северна Кореја дека Токио ќе биде „проголтан во нуклеарен пламен“.

„Се што можеме да кажеме е дека ќе ги преземеме сите потребни мерки за да одговориме на било кое сценарио“, изјави претставникот на министерството за одбрана на Јапонија, по повод заканите од Пјонгјанг.

Северна Кореја ја предупреди Јапонија дека ризикува нуклеарна одмазда, доколку се вмеша во можни идни конфликти на Корејскиот полуостров.

После серија закани од страна на Северна Кореја кон Јужна Кореја и САД изминатите денови, ова беше прва директна закана кон Токио.

Јапонија соопшти дека постојано ќе го разместува ракетниот систем, со цел да ги зајакне одбранбените  способности поради загриженост од ракетни закани од страна на Северна Кореја.