Северна Кореја го објави планот за напад врз САД

Северна Кореја објави видео со план за нуклеарен напад, според кој врз САД ќе лансираат четири нуклеарни бомби. Според планот на видеото, Северна Кореја планира да ги погоди Вашингтон, Лос Анџелес, Хаваи и Арканзас, изјави „USA Today“.

Според „USA Today“, видеото е поставено во саботата на интернет страницата која е во сопственост на севернокорејската влада, а е поставено и на YouTube.

Тензиите на корејскиот полуостров и понатаму се големи. Северна Кореја вчера ја одби понудата од јужните соседи за мировни преговори. Пјонгјанг вели дека станува збор за „вешт трик кој би требало да ја маскира агресивноста на Јужна Кореја“.

Иако Северна Кореја се заканува со нуклеарни напади врз САД, американците се уверени дека Северна Кореја не поседува проектили кои што би можеле да стигнат до САД.